Дудуш: Али Ахмети е татко на нацијата, мора да го почитуваме сите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на Унијата на Ромите и актуелен градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш кажа дека Али Ахмети е татко на нацијата, и дека тој би го следел неговиот пример, и затоа влегува во коалиција со него.

„Не знам дали кај албанската заедница дека тоа можеби не се збори на помладите генерации им се нема пренесено што тој човек направи во Македонија за албанската заедница. Ако би земал некој за пример по кој стапки да одам, за мојата заедница го достигне тоа што го достигна албанската, нема подобар пример од Али Ахмети. Само пред 22-23 години Албанците исто така маргинализирани, дискриминирани како сега ромите. Не им се давало право ниту на образоание, ни вработување, секаде биле блокирани. Тој е Али Ахмети дојде за да денеска Албанците се рамноправен народ во Македонија, и како да не го почитуваш тој човек. Тоа треба да им се каже на овие нови генерации, кои не знаат како беше пред 20 години, и затоа реков јас да сум Албанец, јас би го следел само него цел живот. Тука зборуваме за татко на нацијата, тука зборуваме за Али Ахмети, тој е татко на нацијата и мораме да го почитуваме“, рече Дудуш.