Connect with us

Кошарка

Откако нашиот Ненад Димитриевиќ ги растури постигнувајќи 40 поени, ЦСКА му врачи отказ на македонскиот стратег

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва денес го отпушти тренерот Емил Рајковиќ. За прекинот на соработката со македонскиот стручњак, ЦСКА објави преку својата интернет страница.

-Клубот одлучи да го раскине договорот со тренерот на тимот Рајковиќ. Заедно со него од стручниот штаб на тимот си заминуваат помошниците Марко Величковиќ и Сашо Тодоровски, се вели во соопштението на ЦСКА.

Рајковиќ им се заблагодари на стручниот штаб, играчите и навивачите на тимот.

-Искрено се надевам дека промената на тренерот ќе го поттикне тимот, кој со враќањето на Каспер Вер ќе ја постигне својата цел да ја освои титулата, рече тренерот.

Четириесет и петгодишниот Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од летото 2022 година. Под негово водство тимот го освои бронзениот медал во ВТБ Јунајтед лигата во сезоната 2022/23.

Според резултатите од тековното првенство, армискиот тим го освои третото место, во четвртфиналето ќе се соочи со Краснојарск Јенисеи.

Отказот доаѓа по поразот на ЦСКА од Уникс со 88:78, меч на кој нашиот Ненад Димитриевиќ имаше фантастична партија и забележа 40 поени.