EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ги изрази своите впечатоци по победата над Лејкерси во третиот натпревар од НБА плејофот. Нагетс победија со 112:105 во Лос Анџелес и поведоа со 3-0 во серијата до четири.

Јокиќ во победата на својот тим беше блиску до трипл-дабл постигнувајќи 24 поени со 15 скока и девет асистенции.

  • Мислам дека еднаш реков дека победата е нашиот животен стил. Навистина е добро кога победуваш… сите се среќни. Сите сакаат да играат. Сите сакаат да бидат во системот… јас бев тука и кога губевме. Не сакам враќање на тие денови, истакна Јокиќ.

Тој беше прашан за играта на Ерон Гордон, кој во третиот натпревар беше еден од најдобрите поединци со 29 поени, 15 скока и 3 асистенции.

  • Тој ја прифати својата улога и знае што прави. Без него, ова не би бил истиот тим, додаде Јокиќ.