„Расштиман“ МЗТ со убедлив пораз се прости од финале во АБА 2

МЗТ убедливо загуби од Суботица со 36 разлика, 98-64 за да се прости од пласман во најквалитетната АБА лига. Таму оди тимот на Суботица, кој ќе игра со Војводина.

Металците требаше да победат со шест разлика, но овој меч некако без желба и без борба го загубија. Во ниту еден момент не беше доведено во прашање победникот, а во еден момент во финишот МЗТ имаше негатива и од 36 разлика.

Лошата одбрана придонесе за овој резултат. МЗТ во второто полувреме само како да го чекаше крајот, без желба, волја и ефикасност да стори нешто повеќе.

Барна со 19 поени беше нерешлива енигма за македонскиот тим, додека Милисављевиќ и Тејиќ постигнаа по 11.

Се вчитува...