Големиот српски актер Велимир Бата Живојиновиќ денеска беше преместен од Алејата на заслужните граѓани во Белград во родната Кораќица. Нна тој начин конечно ќе почива покрај сопругата Јулијана Лула Живојиновиќ.

Нивниот гроб во портата на црквата Света Троица во Корачица ќе гледа на родната куќа, која често ја посетувале и која била оаза на мирот.

– За мене, кој не присуствував на погребот на татко ми, ова е особено емотивен момент… Најважно ни е што нашите родители, кои поминаа над 60 години заедно, сега ќе бидат заедно во вечноста – Миљко Живојиновиќ, синот на Бата.