Манчестер Сити си заврши работа: Договорен наследникот на Кевин Де Брујне!

Манчестер сити го заврши договорот за ангажман на 14-годишното „чудо од дете“, Каван Саливен, кој доаѓа од Академијата на Филаделфија Унион.

Како што пренесе Фабрицио Романо, актуелниот англиски и европски првак ги договорил веќе сите детали со овој играч, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на светот. Саливен доаѓа во Сити од 2027 година како наследник на Кевин Де Брујне.

Саливен е роден во 2009 година, и за него се интересира и уште некои европски гиганти како Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Но, на крај победи Манчестер сити.

Се вчитува...