Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито

Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито

пред 2 недели

Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.

„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.

Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.

Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.

Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.

Текстот Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top