Замок кој му припаѓал на семејството Ротшилд се продава за 425 милиони евра


Замок од 12 век, кој некогаш им припаѓал на Ротшилдовите, се продава на аукција за неверојатни 425 милиони евра или околу 454 милиони долари.

Откако ќе се продаде, замокот и неговите терени би можеле да се трансформираат во нов урбан комплекс веднаш надвор од Париз, изјави за Бизнис инсајдер портпаролот на Игнас Мевисен, агент за луксузни недвижности.

Замокот со 17 спални соби, познат како Château d’Armainvilliers датира од 12 век и е на околу 50 милји од Париз. Некогаш бил во сопственост на Едмонд де Ротшилд, пред да биде продаден на кралот Хасан II од Мароко.

Меувисен изјави за Mansion Global дека тоа е еден од најскапите имоти во светот. Но, и покрај неговата поврзаност со кралското семејство, портпаролот рече дека замокот „можеби нема многу историска вредност“ за потенцијалниот купувач и веројатно ќе биде фаворизиран поради неговата огромна големина.

Замокот е 2.500 квадратни метри и има дополнителни 1.000 хектари околно земјиште. Chateau d’Armainvilliers има три ката со 17 спални соби. Замокот е со големина од 2.500 квадратни метри, се состои од три ката со три лифтови, 17 спални соби, пет соби за прием, фризерски салон, кујна, посебно сместување за персоналот и штали кои можат да примат до 50 коњи, изјави портпаролот Игнас Мевисен. Купувачот би можел да го трансформира замокот и неговите терени во „нов град“.

Оттаму додаваат дека проектот ќе опфати изградба на станови, трговски центри и други објекти. Не е јасно дали замокот ќе треба да се реновира или да се урне за да се случи развојот.