„Соочување“ – Нова изложба на уметникот Томе Даневски

Новата едиција на уметникот Томе Даневски е именувана „Соочување“ и таа ќе биде изложена утре (22 март) во просториите на „Мала станица“ во Скопје.

„Уметничкиот пристап во оваа едиција е нагласено слоевит, и како таков кај љубителот на ликовната уметност развива нова актуелност и експлозивност во време на промени. Оттука, фокусот е насочен на енергетскиот колорит при дуалното соочување на универзалната и теолошката енергија, оцртани преку променливоста и судирот на енергиите и појавата на животот“, се вели во најавата.

Отворањето на изложбата е во 20 часот.