Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизборно најави дека, доколку дојде на власт, ќе прифати внесување на Бугарите во македонскиот устав, но со одложена примена – по влезот на Македонија во ЕУ. Ваквата веќе официјална програмска определба на партијата ја соопшти потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, кој притоа порача дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика
Критериумите за членство на Северна Македонија во Европската Унија се многу јасни. Не очекувам некаква промена во Преговарачката рамка, вели во изјава за бугарската агенција БГНЕС еврокомесарот за проширување и соседски прашања Оливер Вархеји.
На прашањето на БГНЕС, дали постои некаква можност за промена на условите што РСМ треба да ги исполни, имајќи предвид дека голем број македонски политичари тврдат дека може да има промена во Преговарачката рамка за Скопје, Вархеји одговара:
„Критериумите се многу јасни од 2022 година, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите. Јасно е дека тие мора да се исполнат. Се надевам дека веднаш по изборите новата влада во Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и ќе продолжиме со исполнување на критериумите“.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизборно најави дека, доколку дојде на власт, ќе прифати внесување на Бугарите во македонскиот устав, но со одложена примена – по влезот на Македонија во ЕУ. Ваквата веќе официјална програмска определба на партијата ја соопшти потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, кој притоа порача дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика.
По ова, реагираше бугарскиот портал Фактор.бг кој во коментар го повика бугарското МНР да не молчи за „предизборните манипулации на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Тврдењето на потпретседателот на македонската ВМРО-ДПМНЕ дека е можно да се смени преговарачката рамка меѓу Скопје и ЕУ за да се одложи вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата и натаму останува без реакција од бугарската држава и политичките партии: ниту Министерството за надворешни работи ниту претседателството реагираат на неодреденото одложување на промената, без која РСМ не би требало да може да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ“,
коментираше меѓудругото, бугарски „Фактор“.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за „360 степени“ минатата недела, исто така, зборуваше за тоа што е наведено во предизборната програма на партијата, „Платформа 1198“, за уставните измени.