Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

Објавил: Перо Милчин | 27 ноември, 2022 15:50

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин.мк

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

 Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокиранаат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.

Во рамките на своите активности за решавање на актуелниот проблем утре „Слобода превоз“ треба да оствари средба со УО на ЈСП. Исто така претставници на „Слобода Превоз“ ќе присуствуваат на седницата на Советот на Град Скопје.

На средбата со УО на ЈСП на која се очекува да присуствува и директорот на ЈСП ќе побараме информации поврзани со долгот на ЈСП-Скопје и зошто директорот не ги исполнува обврските од договорот, како и информации за изнесените невистини од страна на градоначалникот за наводен криминал со билетите за превоз и кражба на пари, кои одговори секако дека ги имаат службите на ЈСП, бидејќи тие се најинволвираните, задолжени и компетентни во целиот процес од набавка , дистрибуција до продажба на билети и за функционирање на АВЛ системот и системот за наплата.

Тие како такви точно знаат за тоа каква е вистинската состојба и документација во овој процес наспроти „Слобода превоз“ која нема никаква ниту улога во тој процес и нема никаков пристап до тие податоци. Јавноста не смее да биде дезинформирана особено за состојби за кои постојат записи, аргументи и факти, стои во соопштението.

Од „Слобода превоз“ додаваат дека „во врска со клеветите и долгот, во текот на следната недела преку адвокатската канцеларија Апостолски, ќе бидат доставени потребните поднесоци до надлежните институции“.

– Со оглед дека постои голем интерес на јавноста за овие случувања ги повикуваме медиумите да закажуваат дебати со соочување на наши претставници, на ЈСП, на Град Скопје и Секторот за сообраќај на Град Скопје за правилно да се презентираат аргументи и факти и да не се дозволи една личност од позиција градоначалник да ја дезинформира јавноста прикривајќи ги опствените слабости со неосновани напади и клевети врз дуги лица и компании, наведуваат во соопштението од „Слобода превоз“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...