Утрински Весник
Магазин

Најдобри градови за пешаци

62799268 Mnchen.jpg

Многу градови ширум светот можат да се пофалат со неверојатно ефикасна мрежа за јавен транспорт, но ако сте во можност, најдобриот начин навистина да го доживеете градот е дефинитивно пеш. Благодарение на пешачењето, подобро ќе ја впиете атмосферата, ќе ја погледнете архитектурата и можеби ќе откриете некои помалку познати места за кои не сте ни знаеле дека постојат на патот.

Сепак, некои градови се многу подобри места за пешачење од другите. За да го докажат тоа, спроведено е истражување на страницата Compare the Market AU. Истражувањето меѓу другото даде бројки за просечното количество на врнежи, бројот на пешачки патеки, безбедноста, цените на јавниот превоз и местата каде што не се дозволени автомобили – со цел да се види кои градови се најпешачки и кои можете да ги посетите пешки релативно мирно.

Благодарение на неговиот центар на градот кој е погоден за пешаци, високото ниво на безбедност и речиси нереалните 1,4 милиони километри велосипедски патеки, Минхен ја заслужи ласкавата титула за најдобар град за пешаци. На второ место е Милано, кој има уште поимпресивни 1,9 милиони километри велосипедски патеки, а на трето е Варшава, каде 74 отсто од населението живее на 1 километар од област без автомобили.

Во истражувањето, Европа доминира на сите други континенти, а Токио е единствениот неевропски град, рангиран на шестото место. Јапонската престолнина има убедливо најголем број на пешачки патеки, па затоа неговиот пласман е повеќе од заслужен.

Во ТОП 10 се најдоа и Хелсинки, Париз, Мадрид, Осло, Копенхаген и Амстердам.

Можете да прочитате

Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси 5 години до 2050 година

Цвеклото во борбата против високиот крвен притисок