Вести Македонија Најважни

Затворениците гласаа во прилепскиот затвор, додека вработените протестираа

Додека 105 затвореници во Затворот во Прилеп го оставруваа своето право на глас, вработените протестираа поради тоа што кај нив се префрлени затвореници кои се извршители на тешки кривични дела, иако во установата нема соодевтни услови за тоа. Бараат да се повлечат овие затвореници, затоа што е загрозена безбедноста на затворската полиција, која ниту има соодветна опрема, ниту пак е вооружена за да се справи со ваквата состојба.

Вработените во Прилепскиот затвор денеска излегоа на двочасовен протест за да го искажат својот револт поради крајно тешките услови за работа, недостиг на затворска полиција и влошена безбедносна состојба откако во ова установа се префрлени десетина затвореници од висок ризик од затворот Идризово.

„Затворот во Прилеп каде се распределни затвореници кои се извршители на потешки кривични дела не е затвор кој исполнува  инфраструктурни услови, ниту пак е кадровски екипиран за да прифати вакво тип на затвореници“, вели Владимир Литовски, претставник од Независниот синдикат на полиција.

Во Затворот во Прилеп има 54 вработени затворски полицајци,  а според стандардите, треба да се двојно повеќе.  70 проценти  од нив не се соодветно опремени, иако често се соочуваат со инциденти и тепачки меѓу 125  затвореници.Вработените кои не можат да се справат со овие проблеми избегнуваат да ги извршуваат работните задачи и половин од нив се  на боледување

„По караули немаме луѓе, 70 проценти од колегите не се задолжени со оружје, за униформи да не разговараме. Крајно е сериозна состојбата, ниту технички ниту како луѓе сме подготвени да одговориме на оваа работа. Крајно е сериозна работата“, вели Диме Наумчески, вработен КПД Прилеп.

Од Синдикатот највија дека протестите ќе продолжат секој ден од 12 до 14 часот се до исполнување на барањата.

„Барањата наши се да се повлечат осудените лица од висок ризик и се додека не се создадат услови во Затворот во прилеп да не ни носaт осуденици со висoк ризик“, изјави Сашо Гулевски, претседател на Независен синдикат на затворска полиција Прилеп.

Уверуваат дека немаат други мотиви освен решавaње на серозната состoјба која настана со префрлувањето на затвореници од висок ризк во останатите затвори кои немаат ниту кадровски ниту инфраструктурни услови за тоа. Иако се обратиле до надлежните, засега нема одогвор на нивните барања.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе