Поврзете се со нас

Шпанија

Ракитиќ посочи кој треба да ја води Барселона во наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона ќе остане без тренер по крајот на оваа сезона, поточно сегашната функција ќе ја напушти Чави Ернандес.

Шпанскиот стратег реши да се повлече пред неколку месеци и тоа по поразот од Вилјареал, меѓутоа од тој момент, па наваму екипата ја крена формата, бележи добри резултати и управата, навивачите, играчите притискаат тој да остане на „Камп Ноу“.

Чави во повеќе наврати порача дека нема да се предомисли и дека цврсто останува на тоа што го одлучи без разлика што и да се случи до крајот на натпреварувачката 2023/2024.

Тој негов став дефинитивно е проблем за Барса која во овој момент тешко дека може да најде тренер што подобро ја разбира филозофијата на клубот, односно да биде од огромна помош во овие лоши времиња за великанот од финансиски аспект.

Иван Ракитиќ добро ја познава Барселона, но и Чави и верува дека Шпанецот треба да остане.

-Одлуката е на него, но мислам дека нема човек кој подобро ја разбира Барселона од Чави. Тој го презеде тимот во деликатен момент, со многу промени и во моменти кога беше тешко, -смета Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни