Премини на МотикаX

Британец ја разоткри „вистината“ за тоа како е навистина да ја посетиш Северна Кореја: „Поминав 2 недели таму, беше прилично лесно да се стигне!“

Британскиот влогер Сајмон Вилсон во 2019 година одлучил да го прослави својот роденден на необичен начин – со патување во Северна Кореја. Оваа авантура целосно го променило неговото гледиште за земјата.

 

 

Патувањето во Северна Кореја како турист е возможно само преку организирани тури. За оние што сакаат да патуваат самостојно, потребен е спонзор и одобрение од Министерството за надворешни работи.

„Почнав да истражувам на интернет, да зборувам со луѓе, и всушност е полесно отколку што мислите“, изјавил Вилсон во подкастот „Happy Hour“ во 2020 година.

 

 

„Организаторите ви ја средуваат визата, летовите, целиот распоред. Може да одите за викенд, за една или две недели, колку што сакате“.

Неговата авантура започнала со 24-часовно патување со воз до Пјонгјанг, каде што го пречекале локални туристички водичи.

„Штом ја поминавме границата од Кина во Северна Кореја, веќе немаше интернет, ниту телефонски сигнал“, објаснува тој.

„Телефонот едноставно престанува да работи. Две недели немав никаков контакт со надворешниот свет“.

 

IS NORTH KOREA WHAT YOU EXPECT?

 

Вилсон бил дел од група туристи од различни земји, вклучувајќи ги Холандија и Германија.

„Северна Кореја беше едно од местата каде што се чувствував најбезбедно“, вели тој.

„Пред да влезам, ги прашав водичите: „Можам ли да го внесам фотоапаратот? Триподот? Микрофонот?’ И тие само рекоа: „Да, се што сакаш“.

„Ги прашав што можам, а што не можам да снимам, а тие ми рекоа дека ќе ми кажат кога нешто не смее да се снима. Не смеете да снимате воени објекти или војници – тоа се двете главни правила“.

Туристичките водичи никогаш немале слушнато за YouTube, а според Вилсон, повеќето жители немаат пасош и не можат да патуваат. Сепак, Севернокорејците можат да патуваат надвор од земјата доколку добијат дозвола од владата.

  • Budimko напиша:

    Uste eden anglosaxonec koj misli deka se pocnuva od nego….ne znaele za Youtube, pa neli prethodnite turisti im kazale za internet! Prasval dali da nosi aparat, microfon….haha…covekot e LUD.!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *