Познат идентитетот на убиениот доктор од Скопје – Бил 9 пати прободен со нож

Матичен доктор вчера вечерта бил убиен пред поликлиниката во скопска Железара. Според информациите до кои дојде Прес24 од полициски извори, докторот во се уште нејасни околности бил нападнат со нож. Неговото тело го пронашол неговиот син кој веднаш повикал полицијата.

МВР ги соопшти детали за убиството на лекарот во Скопје.

– На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје.
Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e