Коефициенти помеѓу 2.20 и 2.50 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари со квоти помеѓу 2.20 и 2.50 се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Сите пет меча се од топ-5 европските лиги, по еден од Шпанија, Германија и Франција, додека два натпревари се од италијанската Серија А. Доколку натпреварите се искомбинираат на еден тикет, вкупната квота е 71.35.

Понудата со Квотите на денот ја отвораат екипите на Џенова и Лацио. Квотата од 2.35 ќе биде добитна само ако екипата од Рим не загуби во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Ајнтрахт Франкфурт е фаворит во дуелот против Аугсбург и доколку не загуби, а притоа двете екипи бидат ефикасни, квотата од 2.20 ќе биде добитна.

На вториот денешен натпревар од Серија А, екипата на Јувентус е голем фаворит на гостувањето кај Каљари. Доколку Старата дама победи, но и ако постигне барем два гола, тогаш квотата од 2.40 ќе биде добитна.

Атлетик Билбао е апсолутен фаворит против Гранада и доколку има водство на полувремето, а на крајот победи во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола, понудената квота од 2.30 ќе биде добитна.

Квотата од 2.50 за мечот помеѓу Ница и Лориен ќе биде добитна само ако домашната екипа постигне барем по еден гол во двете полувремиња.

- Оглас -

Најнови вести