ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Клековски: Изборите ќе бидат 2:1 во корист на кандидатот на ВМРО

Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ пред неколку моменти за Алсат изјави дека врз основа на податоците на изборниот штаб на оваа партија, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова води против противкандидатот Стево Пендаровски, во однос 2:1.

„Граѓаните на Македонија сакаат претседателот да биде избран од граѓаните и да има легитимитет. Друга карактеристика што може да се забележи од ехото на гласачите е дека промените доаѓаат. Кандидатот на ВМРО Гордана Силјановска собра близу 44 проценти што е во однос 2:1 на контракандидатот Стево Пендаровски“, рече Клековски, а за кандидатите Албанци рече дека Таравари и Османи се многу блиски еден до друг во однос на бројот на гласови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button