Екипата на Денвер Нагетс го реши Лос Анџелес Лејкерс во пет натпревари (4-1 во серијата) и се пласираше во полуфиналето на Западот. Како и во вториот натпревар од серијата, Џамал ​​Мареј ја донесе одлуката со победнички кош на четири секунди пред крајот, на кој Лејкерси не можеа да одговора, па Денвер славеше со 108:106.

По овој натпревар, веднаш почнаа шпекулациите за реконструкција во тимот на Лејкерс. До 29 јуни Леброн Џејмс треба да се изјасни дали остане во тимот и следната сезона, кога „езерџиите“ ќе мора да му гарантираат 51,4 милиони долари за сезоната. По поразот од Денвер, тој на прес-конференцијата беше запрашан дали тоа е неговиот последен натпревар за Лејкерси, а тој рече: „Го ценам вашето прашање, но одбивам да одговорам“.

Веднаш по ова, со своја статија излезе „Атлетик“, кој пишува дека Лејкерси имаат план да го задржат еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Лејкерси се подготвени на драфтот да го изберат синот на Леброн, Брони и со тоа да го исполнат последниот сон на Леброн – да игра со својот син во истиот тим.

Брони се пријави за овогодинешниот драфт и покрај тоа што го пропушти првиот дел од својата прва сезона поради срцев удар минатото лето.

Сепак, се очекува бекот, висок 192 сантиметри, да се пресели во редовите на Лејкерс во текот на летото и заедно, таткото и синот, да ја нападнат НБА титулата.