Тухел доаѓа на чело на Манчестер Јунајтед?

Томас Тухел е најновиот фаворит во трката за функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед откако новите косопственици на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со Германецот за тој летово да се пресели на „Олд Трафорд“.

Ерик тен Хаг дефинитивно ги загуби сите кредити кај управата, најновиот разочарувачки меч со Барнли само потврди дека Холанѓанецот нема капацитет да го води најтрофејниот англиски клуб, а челниците се подготвени да го сочекаат крајот на сезоната пред да му врачат отказ на овој стратег, а веднаш потоа да донесат и нов врвен тренер како предводник на овој проект.

Герет Саутгејт беше прва желба, но англискиот селектор сака да почека до крајот на ЕВРО 2024, нешто што „црвените ѓаволи“ немаат намера да го дозволат и затоа вниманието целосно го насочија кон Тухел. Германецот даде позитивни сигнали по првите шпекулации што го поврзуваа со Јунајтед уште пред две недели, а челниците на групацијата ИНЕОС во изминатите денови стапиле во директен контакт со него.

Тухел е сериозно заинтересиран за камбек во Премиер-лигата откако на почетокот од минатата сезона доби отказ од Челси, а на Јунајтед гледа како на идеален тим за изградба на нов проект од сам почеток, ако се земе во предвид оваа катастрофална сезона на гигантот од „Олд Трафорд“. Тој би добил тригодишен договор за плата повисока од онаа што моментно ја зема во Баерн, а ќе има и значителен буџет за засилувања. Тухел во моментов е максимално фокусиран на полуфиналето од ЛШ против Реал Мадрид, но по крајот на овој двомеч ќе седне на маса со директорите на Јунајтед, во обид да се постигне целосен договор и веќе во текот на мај да биде официјализирана соработката што ќе стартува од 1 јули.

Се вчитува...