Левица: На локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Од:

Политичката партија Левица соопшти дека ја одржала 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која биле донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025.

-Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата, стои во соопштението од партијата.

На сесијата, се посочува, ЦК едногласно го верификувал актуелниот пратеник м-р Сашко Јанчев како нов член на Президиумот на Левица.

Воедно, Централниот комитет, се додава, ја усвоил политичка рамка за дејствување во наредниот период, со фокус на есенските Локални избори, како фронт за жестока пресметка со режимскиот апарат.

-Во услови на постојана репресија, изборен инженеринг и клиентелистички октопод кој го гуши секој обид за народна еманципација – Левица ќе настапи бескомпромисно, чесно и организирано, како глас на обесправените и бастион на некорумпираноста. Времето на калкуланти, опуртинисти, предавници и квазиопозиционери заврши. Борбата продолжува – на улиците, во институциите и на изборните полиња. Со народот, за народот!, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

Баџанакот на Мицкоски со бугарска фирма е и донатор на ДПМНЕ, тврди Левица

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски