Кучиња трагачи во дворот на убиецот на Данка – го бараат телото на девојчето

by Fokus

Таткото на Срѓан Јанковиќ, осомничен за убиството на девојчето Данка Илиќ, ја однел жандармеријата кај селото Лука, каде се сомневаат дека телото би можело да биде фрлено.

Набрзо пристигнале и кучиња трагачи за да помогнат во пронаоѓањето на телото на малата Данка Илиќ.

Местото е ненаселено, а на терен се и голем број припадници на жандармеријата.

Во таа прилика бил раскопан дворот на убиецот за да се утврди дали таму се наоѓа телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) по која се траггаше десет дена!

Тие двајцата на 26 март, според сопственото признание, ја убиле малата Данка.

Прво ја удриле со автомобил, а потоа нејзиното тело го фрлиле.

Поврзани новости