Гулер го откри својот прекар во Реал Мадрид: Се изненадив кога Модриќ ме нарече така (ВИДЕО)

Големиот турски талент Арда Гулер изминатото лето пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во трансфер вреден 20 милиони евра. Се очекуваше дека 19-годишникот ќе добива стандардна шанса во Реал Мадрид, но пречестите повреди го спречија да го покаже својот потенцијал уште во првата сезона.

Гулер е означен како наследник на хрватскиот виртуоз Лука Модриќ, а овие двајца и веќе негуваат одличен однос. За тоа говори и последното интервју на Турчинот на турскиот медиум „Kafa Sport” каде го откри својот надимак – Аби што во превод значи „братче“.

„Сите ме викаат Аби, а не знаат ни што значи. Се изненадив кога Модриќ ме нарече така“, откри Гулер.

Се вчитува...