Search
Моменти низ времето

Изложба на Моника Десоска во Домот на Културата „Марко Цепенков“ во Прилеп

Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот “Моменти нив ремето” кои од четврток, втори мај од 19 часот ќе бидат изложени во Домот на Културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. Сеќавањето опстојува како белег низ димензиите на времето толкувајќи го човековото постоење. Го буди копнежот, носталгијата во нас и ни помага да ја согледаме животната трансформација. Тајни скриени длабоко во мислите, ги евоцираат спомените, ги потикнуваат соништата и ја будат надежта. Делата сведочат за детските мечти, безгрижните дни, за едно време кое душата ја храни. Драматичните промени и носталгичните импулси, го откриваат уметниковиот сензибилитет преточен низ играта на изразениот констраст. Препознатливата нота на тактилниот допир, ја рекреира нераскинливата врска на нејзиниот слободен дух со природата. Централната композиција го акцентира дејствието и не повикува заедно да го започнеме самооткривањето. Динамиката на просторот, формата, палетата на бои и раскошната тактилна вредност, ги интригира сетилата на набљудувачот и ја буди неговата љубопитна природа.

Најново

Последни колумни