Со положување свежо цвеќе во Штип одбележани 78 години од победата над фашизмот

По долгогодишното опустушување на територијата на Македонија од страна на Германците со многу загубени жртви датумот 9 мај 1945 ќе остане значаен и голем ден за Македонците. Ден кога македонскиот војска сурово се спротиставила на германската војска со што успеала да зароби околу 35 илјади германски војници.

„Македонскиот наорд, македонската народноослободителна војска сурово и се спротистави на елитната германска војска, на која при нејзиното повлекување во 1945 година, и нанесе тешки загуби со тоа што од борба над 60 илјади војници и зароби околу 35 илјади германски војници. Со пробивот на германскиот фронт конечно беше зададен и последниот удар на окупаторот во составот на тогашните југословенски сили беше вклучен и 15 македонски Корпус.. Во тие битки рамо до рамо до Македонецот се бореа и Србинот, Црногорецот, Влаот, Турчинот, Албанецот, и Ромот. Сите сплотени заедно беа непобедливи“ – вели Мицевски.

За време на втората светска војна загинале над 50 милиони борци меѓу кои и циивли во тој период Македонија дала 25 илјади млади животи. Тие 25 илјади малди животи всушност придонеле за создвање на своја сопствена држава.

„За време на втората светска војна во светот загинаа над 50 милиони борци меѓу кои цивили. Половината од тоа се во Европа. Македонската народноослободителна војска од 1941 до 1945 година даде преку 25 илјади млади животи. Тие 25 илјади никогаш да се заборават од живите борци. Зошто тие ја создадоа државата со име Република Македонија тие за прв пат после војната отворија школи на својот мајчин македонски јазик. 9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е вистиснки искоренет и никогаш не е поразен и дека против него треба да се бориме и денеска секој ден.“- додава Мицевски.

Денешниот ден беше обележан со положување на свежо цвеќе пред алејата на загинатите борци. На настанот присуствуваа преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели.

Лаура Стојанова М-Нет