(Видео) Пожар на Теразије во Белград, луѓето ги евакуираат преку прозорец

by Fokus

Во центарот на Белград на Теразије во обложувалница вечерва избувна пожар, а на терен се седум противпожарни возила, и возило на брза помош.

Од објектот биле евакуирани шест лица, додека двајца биле пронајдени во несвест. Сите биле надвор од животна опасност, пренесе „Новости“.

Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, причина за пожарот се електрични инсталации, кои се запалиле.

На терен се три противпожарни возила, едно возило со скала и четири противпожарни џипови. На местото на пожарот има и брза помош, како и полиција. Пожарот е пријавен нешто по 20 часот.

На социјалните мрежи се појави видео од луѓето кои се евакуираат од првиот кат преку прозорец.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Поврзани новости