Не е сеедно кој ќе победи во Болоња, победникот ќе биде осми, поразениот десетти (Фото)

Вечерва завршува лигашкиот дел од кошаркарската Евролига, ќе се одиграат четири натпревари, од кои два се резултатски важни, а два само формални и за престиж.

АСВЕЛ ја пречекува Барселона во дуел на кој гостите се фаворити. Каталонците се сигурно четврти и чекаат да дознаат против кого ќе водат четвртфинални битки, дали со Олимпијакос или со Фенербахче.

Грците и Турците токму вечерва во директен меѓусебен дуел во Пиреа ќе решат кој да оди на Барса, а кој на Монако во четвртфиналето. Тој што ќе победи, ќе биде петти и ќе се сретне со Барселона, додека поразениот оди на Монако.

Партизан веќе нема шанса за десеттото место кое води во плејин, но ќе сака да се прости од навивачите со победа над Валенсија, која исто така е без шанси за место во разигрувањето.

За Виртус Болоња и за Басконија не е сеедно кој ќе победи, а кој ќе загуби вечерва. Победникот ќе биде осми (ќе игра со Макаби во плејин), а поразениот десетти (ќе игра со Анадолу Ефес во полуфиналето на плејин) на конечната табела.

Во Sport Life имате богата понуда на играчи на коишто може да се обложите за број на поени, скокови и асистенции.

- Оглас -

Најнови вести