Фудбал

Ливерпул има фаворит за наследник на Клоп

Ливерпул има фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, пренесуваат аглиските медиуми.

„Црвените“ оствариле директен контакт со менаџерот и се планира во иднина да се интеннзивираат преговорите помеѓу двете страни.

Минатата сезона го водеше Феенорд до шампионската титула во холандското првенство, а оваа го освои холандскиот куп. Слот со тимот од Ротердам играше и во финалето на Конференциската лига на УЕФА во 2022 година.

Тој лани беше кандидат и за да седне на клупата на Тотенхем, но реши да ја одбие понудата за да остане во Феенорд.

To top