Според прогнозата, во текот на утрешниот ден во западните делови на земјата ќе има појава на краткотраен дожд, а потоа времето ќе биде сончево со мала облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени“,
велат од УХМР.
И во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност, но и со слаб ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени“,
информираат синоптичарите.
Според прогнозата, во текот на утрешниот ден во западните делови на земјата ќе има појава на краткотраен дожд, а потоа времето ќе биде сончево со мала облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.
На средина на неделата се очекува наоблачување проследено со локални врнежи.