Путин: Американските војници во Германија и натаму се окупаторски сили

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија се уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса, пренесува Бета.

– Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие заминаа доброволно. Русија, како правен наследник на Советскиот Сојуз, е гарант на уставниот поредок на Австрија и нејзината неутралност. Многу обични луѓе во Австрија се свесни за тоа и се благодарни на Русија за оваа позиција. Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана, рече Путин на денешната средба со студенти.

Путин рече дека Германија е „најголемата земја во Европа и економски гигант“ и додаде дека Советскиот Сојуз го „официјализирал крајот на окупацијата“ на таа земја, за разлика од САД, пренесува ТАСС.

– По Втората светска војна, Германија беше поделена на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Советскиот Сојуз го формализираше крајот на тој окупациски статус, но САД не. „Стриктно кажано, формално и правно, на територијата на Германија има американски окупациски сили, и ги има многу, рече Путин.

Тој додаде и дека „самите германски политичари велат дека Германија никогаш не била суверена земја во целосна смисла на зборот по Втората светска војна“.

Путин денеска изјави и дека европските земји „порано или подоцна ќе го вратат својот суверенитет“, но додаде дека тоа може да потрае.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област