Објавено на:

Шок за навивачите: Ѓоковиќ е повреден

t

Претседателот на Тенискиот сојуз на Русија, Шамил Тарпишчев откри дека Новак Ѓоковиќ е повреден и дека во моментов оди на терапии.

Српскиот ас требаше да присуствува на вчерашниот фудбалски меч меѓу Русија и Србија во Москва, но го откажа патувањето. Тарпишчев пред неколку дена зборуваше дека Ѓоковиќ нема да дојде на натпреварот, а потоа откри и дека тој е повреден.

„Навистина сакавме тој да дојде, но за него беше невозможно поради натпреварувачкиот календар, а освен тоа е и повреден и оди на терапии“, рече Тарпишчев.

Не е исклучено повредата да е причина за откажувањето на Ѓоковиќ од Мастерсот во Мајами, но во моментов не е познато за каква повреда се работи и дали тој ќе заздрави навреме за да игра на турнирот во Монте Карло, на почетокот на април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Си велам да „утепам“ саат и…

Никола Груевски со статус на социјалните мрежи.…

ОЧЕКУВАВМЕ ПЕНДАРОВСКИ ДА ЗАГУБИ, НО НЕ ТОЛКУ…

Иван Илчев, историчар и шеф на бугарскиот…

Родените во хороскопскиот знак Девица љубат како…

Ако некогаш сте биле заљубени во личностите…

Зошто Тито никогаш не воспоставил дипломатски односи…

Јосип Броз Тито ги предал Израелците и…