Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведена битолчанка и две кривични за марихуана

На 05.05.2024 полициски службеници од СВР Битола на ул. “Димитар Влахов“ во Битола е приведена 31 годишна жена од Битола, бидејќи кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 25 годишник од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против друго лице на возраст од 24 години од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 25.01.2023, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, која ја набавил од првопријавениот.

More from ВестиMore posts in Вести »