Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски пејач на народна музика и фолк музика.
Ѓоко Дончев беше присутен на македонската естрада повеќе од 35 години, и има создадено голем број на песни. Најмногу го помниме по неговите хитови како: О доме мој, Чуј ги куме свирачите и Сношти Кате пак те видов. И има еден дует со Петранка Костадинова Македонија името не го менува.
Тој е добитник на голем број на награди и признанија, од кои последните години, ги има добиено наградите за животно дело на Фолк Фест Роса во 2014 година, Гоце Фест во 2020 година и постхумну му е доделена наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово во 2023 година.
Почина во Скопје на 15 јануари 2021 година.