Вести Македонија

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Телефоните од Бихаќка почнаа да ѕвонат но претседателот на партијата Димитар Ковачевски без прецизен одговор кој е на другата страна од линијата, дали се коалициските партнери или пак лидери на поранешниот партнер во Влада. Комуникација има и тоа на повеќе нивоа, потврди Ковачевски

Масовен одзив во вториот круг е засега планот на СДСМ кој официјално се презентира во јавноста како единствен начин да се надополни негативата од 180 илјади гласови во првиот круг од претседателските избори но и да се направи што е можно подобар резултат и поголем број на пратенички мандати.

Ковачевски ги отфрли како невистини тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ подготвуваат бојкот на претстојните избори.

Околу одговорноста за изборниот резултат тој кажа дека како и досега по изборите, ќе има анализа на причините како на ниво на општинските организации така и на ниво на Извршниот и Централниот одбор и потоа ќе се донесе одлука во кој правец и со кого како раководство партијата ќе продолжи понатаму.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе