Поврзете се со нас

Шпанија

Атлетико ќе прави чистка во нападот, само еден играч не е на продажба

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Диего Симеоне веќе ја подготвува стратегијата за следната сезона на Атлетико Мадрид, а во неа не се вклопуваат најголем дел од офанзивните играчи на шпанскиот тим.

Атлетико планира поголема конструкција на екипата по разочарувачката актуелна сезона, а аргентинскиот стручњак побарал од клубот инвестиции во одбраната.

Симеоне е свесен дека за такво нешто ќе треба да се реализираат одредени продажби, а тој и раководството очекуваат добра заработка од продажбата на неколку напаѓачи.

Алваро Мората, Анхел Кореја и Мемфис Депај се на трансфер листата и Атлетико е подготвен да преговара за нивна продажба, а истото важи и за Жоао Феликс кој нема иднина на „Метрополитано“ без разлика на плановите на Барселона.

За Мората често се шпекулира дека е блиску до враќање во Италија, додека Кореја е желба на клубови од Саудиска Арабија, а единствен офанзивен фудбалер кој е „недопирлив“ е Антоан Гризман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни