Пристигна признанието од челниците на НБА: Лејкерси беа оштетени против Денвер

од Симе Стоиков

Судиите грешат и во НБА, а тоа најдобро го почувствуваа играчите на Лејкерс. Ако им е некаква утеха, од тие причиние се огласија и челниците на НБА лигата.

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс (101:99) во вториот меч од плејоф серијата со кошот на Џамал ​​Мареј со звукот на сирената. Сепак, натпреварот не помина без драма. Гостите се жалеа на судењето на овој меч, а сега од НБА потврдија дека Леброн и тимот се оштетени.

Судиите направија две големи грешки кои се одразија на крајниот исход на натпреварот, велат челниците на НБА.

Дополнителните анализи утврдија дека Лејкерси ја загубија можноста за нов напад кога на Никола Јокиќ не му беа судени три секунди во рекет, додека вториот голем пропуст беше несудениот фаул над Леброн на крајот, кога беше сопрен од Кентавиус Колдвел-Поуп.

Слични содржини