Top Sport

Чеко Перез: Се ќе се знае за еден месец

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез заврши на второто место на три од четирите трки на почетокот на сезоната во Формула 1.

Договорот на Мексиканецот со австрискиот тим истекува на крајот на оваа година, а веќе на големо се шпекулира дали ќе остане или некој ќе го замени.

„Искрено, јас сум целосно смирен. Ова е мојата 14. сезона во Формула 1 и презадоволен сум од постигнатото досега“, изјави Перес и додаде „Неочекувано рано оваа година почнаа разговорите за следната сезона. Не брзам, но верувам дека се ќе се знае за еден месец“.

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул е задоволен од изданијата на Перез на почетокот на сезоната.

„Знаеме дека има многу заинтересирани да бидат дел од нашиот тим, но Чеко има приоритет. Само нека продолжи да вози вака“.

Формула 1 шампионатот продолжува со трката за Големата награда на Кина на 21 април.

Scroll to Top