Конференција за борбата против антисемитизмот во рамки на ОБСЕ Пре​тседавањето

од Vladimir Zorba

Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва во серијата од значајни конференции и состаноци кои ќе се организираат во Северна Македонија за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, се одржува во Скопје, на 06-07 февруари 2023.

Конференцијата ќе започне со сесијата на високо ниво, која ќе ја отвори Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи, во понеделник (6 февруари 2023 г.), во 15 часот. Сесијата е отворена за медиуми.

Воедно, во рамки на Конференцијата, претседавачот со ОБСЕ, Османи заедно со директорот на ОДИХР, Матео Мекачи и личниот претставник на Претседавачот, Раби Бекер ќе одржат конференција за медиумите, со почеток во 15:45ч.

Конференцијата за антисемитизам, како традиционален собир на земјите-учеснички на ОБСЕ, има за цел да обезбеди врска помеѓу минатото, сегашноста и идните трендови во борбата против антисемитизмот.

Слични содржини