Кошарка

Комплетирани четвртфиналните двојки во кошаркарската Евролига

Комплетирани четвртфиналните двојки во кошаркарската Евролига

Басконија во шпанската пресметка ќе игра во четвртфиналето од плеј-офот против Реал Мадрид.

Тимот чиј тренер е Душко Ивановиќ го предводеше Маркус Хауард со 28 поени, Метју Кастело постигна 19, а Тадас Седекерскис 16 поени.

Кај гостите доминираше Шенгелија кој реализираше 15 поени, а Даниел Хакет запиша 13.

Познати се сите четвртфинални двојки во Евролигата: Реал Мадрид – Басконија, Панатинаикос – Макаби, Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос.

To top