🎥 Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон, повредени се и двајца полицајци

од Илинка Илиоска

Неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, биле нападнати од маж со мачета во источен Лондон. Пет лица се пренесени во болница, велат од Брза помош, пренесе Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека биле повикани по пријави за возило кое влетало во куќа во Хено непосредно пред 07:00 часот. Осомничениот продолжил со напад врз „други граѓани и двајца полицајци“ Напаѓачот, кој е идентификуван како 36-годишен маж, е во притвор, а полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со тероризам

Градоначалникот на Лондон Садик Кан ги пофали полицијата и службите за итни случаи за „трчање кон опасноста цо цел да ги заштитат другите“

И премиерот Риши Сунак реагираше на нападите во Хено.

„Ова е шокантен инцидент. Моите мисли се со погодените и нивните семејства. Би сакал да им се заблагодарам на службите за итни случаи за нивниот постојан одговор и да им оддадам почит на извонредната храброст што ја покажа полицијата на местото на настанот. Такво насилство нема место на нашите улици“, напиша тој на Х.

Слични содржини