Новиот тим на Роналдо на мегдан против ривал кој девет меча го нема победено, грчките гиганти играат третпат за девет дена

2841 Панатинаикос – ПАОК (18:30 ч.)

Делува малку нестварно, но овие грчки ривали ќе играат по третпат само во девет дена. На 18 јануари ПАОК дома победи со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето на Купот, а четири дена подоцна тимот од Солун победи и на гости во Атина против Панатинаикос, и тоа уште поубедливо со 3:0.

Сега повторно се игра во Атина, а дуелот е реванш од четвртфиналето на Купот, што значи дека домаќините ќе бркаат негатива од два гола. Од почетокот на сезоната, па до крајот на декември, Панатинаикос имаше само еден пораз во 22 меча во сите натпреварувања, а од почетокот на 2023 година, само за 25 дена овој тим претрпе три порази во пет средби, што покажува дека е во криза.

Во еден меч каде што атинскиот гигант едноставно мора да тргне отворено од самиот почеток треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.98)

 

2836 Ајакс – Волендам (21 ч.)

Лудо делува фактот дека Ајакс шест кола нема победа во домашното првенство (пет нерешени и еден пораз). Токму поради тоа, Ајакс од лидерското место падна на петтото место дури со осум бода помалку од Феенорд.

Волендам е тим како порачан за Ајакс затоа што гигантот од Амстердам има 11 победи и четири нерешени во последните 15 меѓусебни дуели. Головите треба да бидат загарантирани.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.03)

 

5263 Ал-Итихад – Ал-Наср (19 ч.)

Во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија се игра големо дерби. Ал-Итихад сезонава во првенството освои 31 бод од 14 меча и има само еден пораз, а Ал-Наср кој исто така има само еден пораз, е лидер со 33 бода.

Интересно е дека Ал-Итихад е најтешкиот ривал за Ал-Наср. Во последните девет меча на овие два клуба, Ал-Наср нема победено ниту еднаш, а претрпел четири порази, додека пет средби завршиле нерешено.

Сепак, сега Ал-Наср со Кристијано Роналдо во составот треба да има адут за пласман во финалето на Суперкупот затоа што Португалецот уште е „гладен“ за трофеи.

Предлог тип: 2 (1.73)

 

1324 Валенсија – Атлетик Билбао (21 ч.)

Пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија е влогот од овој меч. Валенсија сезонава дома не игра многу сигурно и во 10 меча во првенството има само четири победи.

Кога играат овие два клуба, традицијата вели дека на последните шест меча е многу сиромашно со погодоци и билансот е израмнет. Валенсија има една победа со 1:0, а еднаш со 1:0 се радувал и Билбао. Едно реми било без голови, а трипати резултатот бил 1:1, што значи дека шест средби по ред нема повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.24)

 

1536 Пасош де Фереира – Бенфика (21:15 ч.)

Последниот е домаќин на првиот на табелата и јасно е дека Бенфика треба да слави без многу проблеми. Гигантот од Лисабон го има најдобриот напад во лигата, а Пасош де Фереира ја има најслабата одбрана.

Бенфика има 11 победи по ред против овој ривал и секогаш постигнува барем по два гола.

Предлог тип: T2 1+I & 2+II (3.40)

- Оглас -

Најнови вести