fbpx

Притвор за тројца мажи – со дрва и цевки претепале две жени во Виничко

Жените се скриле во помошен објект, но тројцата мажи ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот

-

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и им нанеле телесни повреди.

Од обвинителството соопштуваат дека додека жените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки.

Жените се скриле во помошен објект, но тројцата мажи ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот.

„На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство“, велат од обвинителството.

Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница доставил предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...