Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

Во продолжение прочитајте дел од најпознатите цитати на Том Хенкс, еден од најдобрите холивудски актери на сите времиња!

Најдобрите цитати на Том Хенкс за животот и филмската уметност!

„Секогаш можете да се обидете да направите нешто. Продолжете напред. Продолжете да правите нови работи.”

„Љубезноста секогаш помага.“

„Единствениот начин на кој можете вистински да го контролирате она што другите го мислат за вас е да бидете искрени цело време.“

„Никогаш не се откажувајте затоа што никогаш не знаете што ќе донесе плимата следниот ден.“

„Ако сте духовити, ако има нешто што ве тера да се смеете, тогаш секој ден ќе ви биде добар.“

„Херој е некој кој доброволно му пристапува на непознатото.“

„Дури и наједноставниот избор може да направи неверојатна разлика во нашиот свет.“

„Филмот има моќ да ве натера да не се чувствувате осамено, дури и кога се чувствувате така.“

„Снимањето филмови е раскажување приказна со најдобрата технологија која ви е на располагање.“

„На крајот од краиштата, за еден филм да биде добар мора да биде смешен филм и да ги натера луѓето да мислат: „Еј, не можев подобро да го поминам времето.“

„За некои луѓе ќе бидам Форест Гамп до крајот на мојот живот. Но, тоа е во ред; тоа е добра работа.”

„Некои луѓе се кукавици… Мислам дека една третина од луѓето се негативци, една третина се кукавици, а една третина се херои. Негативецот и кукавицата можат да изберат да бидат херои, но тие треба да го направат тој избор.“

„Човечките суштества ги прават работите со причина, дури и ако понекогаш тоа е погрешна причина.“

„Луѓето по природа се премногу комплицирани за да бидат целосно разбрани. Значи, можеме да избереме или да им пријдеме на нашите ближни со сомнеж или да им пристапиме со отворен ум, малку оптимизам и голема доза на искреност.“

Откако ги прочитавте најдобрите цитати на Том Хенкс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те безвремени цитати од Абрахам Линколн.

Извор: everydaypower.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар