Повик кој не се одбива – Роналдо со шокантен трансфер се враќа во Европа!?

Малку кој веруваше дека Кристијано Роналдо, по преселбата од Манчестер јунајтед во Ал Наср во 2021 година, би можел некогаш повторно да се врати на европскиот фудбал, но сега доби помалку шокантна можност.

Португалецот сезонава игра одлично во Саудиска Арабија со постигнати дури 47 гола на 46 натпревари во сите натпреварувања. А, сето тоа, како што пренесуваат медиумите од Саудиска Арабија придонело да добие повик кој тешко е да се одбие. Како што тврди новинарот Алхаз Мутаб според директни информации од Ал Наср, новиот германски шампион Баер Леверкузен ќе направи се ова лето за да го доведе во своите редови Кристијано Роналдо.

Главниот иницијатор за доаѓање на Роналдо во Баер е тренерот Чаби Алонсо кој играше заедно со него во Реал Мадрид, и кој силно го посакува во својата екиипа. Наводно, веќе се реализирани првите разговори меѓу двајцата, а како главен адут да го убеди да дојде во неговиот клуб е настапот во Лигата на шампионите.

Наводно, за Роналдо е оставен простор до крајот на овој месец да одговори дали сака да ја прифати понудата и повторно се врати во Европа.

Се вчитува...