Спасувачките екипи се сомневаат во кражба на органи во Појасот Газа

277
Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Спасувачките екипи вклучени во извлекувањето на телата од масовните гробници откриени во медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, покренаа сомневања дека припадници на израелската армија се вмешани во кражба на органи, пренесува палестинската агенција ВАФА.

Екипите известија дека некои тела биле пронајдени со врзани раце и со исечени и сошиени стомаци на начин спротивен на вообичаените техники за затворање на рани што се користат во Појасот Газа, што предизвикува сомнеж за кражба на органи.

Осакатено тело на девојче било пронајдено во хируршка наметка, поради што екипите се сомневаат дека таа е жива закопана, соопштија екипите кои го пронашле и телото на уште една жртва која исто така носела хируршка наметка.