ЛИДЕРОТ НА ГРЧКАТА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКА ПАРТИЈА ЗЛАТНА ЗОРА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР

    ЛИДЕРОТ НА ГРЧКАТА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКА ПАРТИЈА ЗЛАТНА ЗОРА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРНикос Михалолаикос беше осуден на 13 години затвор во 2020 (Фото: Интајм њуз)

    Основачот на грчката крајнодесничарска партија Златна зора, Никос Михалолаикос, излезе од затвор на условна слобода, кажаа од полицијата. Шеесет и шестгодишниот Михалолаикос и други членови на Златна зора беа осудени на затворски казни во 2020 откако по петгодишното судење беа прогласени за виновни за водење криминална банда и за злосторства од омраза.

    Михалолаикос, кој беше осуден на 13 години, повремено се лекувал во болница во изминатите месеци, по што се враќал во затвор. Тој нема да смее да патува надвор од поширокиот регион на Атина и редовно ќе мора да се пријавува во локална полициска станица.

    Златна зора, која усвои нацистички симболи, влезе во парламентот во 2012 на врвот на должничката криза во Грција, но не успеа да освои ниедно пратеничко место на изборите во 2019. Партијата дојде на лош глас откако еден нејзин поддржувач го уби левичарскиот рапер Павлос Фисас. На партии како Златна зора не им беше дозволено да учествуваат на ланските избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира