ОДБЕЛЕЖАНИ 23 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦE, НА ЧЕСТВУВАЊЕТО ВО БИТОЛА И ПОЛИТИЧАРИ КОИ СЕ НА ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИ

    ОДБЕЛЕЖАНИ 23 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛИТЕ КАЈ ВЕЈЦE, НА ЧЕСТВУВАЊЕТО ВО БИТОЛА И ПОЛИТИЧАРИ КОИ СЕ НА ЛИСТИТЕ ЗА ПРАТЕНИЦИНа денешен ден во конфликтот во 2001 година кај Вејце загинаа четворицата бранители од Битола Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. (Фото: СДК.МК)

    „Политичките партии уште еднаш би ги повикал да ги намалат националните реторики бидејќи тоа не води никаде, 21 век сме, треба да се бориме со идеи и иновации за подобра живот на граѓаните во државата“, рече Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи кој денес во Битола положи цвеќе пред спомениците на бранителите загинати во конфликтот 2001 година.

    За претстојните избори, Бојмаџалиев рече дека МВР е спремно секој настан да го евидентира и санкционира со цел граѓаните да можат слободно и безбедно да гласаат, а одредените нерегуларности од првиот круг веќе се процесуирани до Обвинителството.

    За бранителите, како син на воено лице кое е во пензија, а учествувало во конфликтот во 2001 година, Бојмацалиев рече дека тие се великани кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

    Цвеќе на спомениците пред СВР и Ангелот во Битола, а по повод 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце, денес положија нивните семејства, претставници на министерства, здруженија, почитувачи. Забележливо беше и зголеменото присуство на претставници на политички партии кои се наоѓаат на кандидатските листи за пратеници на претстојните парламентарни избори.

    „Секоја година доаѓаме, до сега не сум забележал помало присуство иако сега имаше прилично, но според големината на градот треба уште повеќе почитувачи да има“, рече Владо Стојановски од здружението „Херои на Македонија 2001-2015 година“.

    Тој реагираше дека во јануари годинава на споменикот Ангел во Битола било поставено албанско знаме, што го оцени како вандалски чин и побара да се откријат сторителите.

    На денешен ден во конфликтот во 2001 година кај Вејце загинаа четворицата бранители од Битола Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира