• четврток, 25 април 2024

Советот на Кавадарци донесе одлука за обезбедување дополнителни средства за Регионалниот центар за згрижување бездомни миленици

Советот на Кавадарци донесе одлука за обезбедување дополнителни средства за Регионалниот центар за згрижување бездомни миленици

Кавадарци, 18 април 2024 (МИА) - Советот на Општина Кавадарци донесе одлука за обезбедување дополнителни финансиски средства за Регионалниот центар за згрижување бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарски плански регион. Како што беше кажано на денешната седница на Советот, дообезбедувањето на финансиски средства е со цел, целосна реализација на проектот за деветте општини од регионот.

- Со оваа одлука, се дообезбедуваат финансиски средства во износ од 485.440,00 денари, од буџетот на Општината за 2024 година. Финансиските средства се одобруваат за непредвидени работи во текот на градба и вишоци што се одобрени од страна на надзорниот орган. 

Неодамна заврши изградбата на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, во Кавадарци. 

Локацијата на објектот наменет за девет општини од регионот, е во населба Глишиќ на површина од 5.470 квадратни метри. Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14. 892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119. 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада, а дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа. Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштата на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства, за оперативни трошоци за работење на центарот.

- Се решава еден многу голем проблем во овие општини. Хуманo ќе се третираат кучињата скитници. Досега сите плаќаа трошоци за штети од кучињата скитници, беше кажано по завршувањето на објектот. 

Беше нагласено дека ова покажува оти општините од регион можат заеднички да функционираат и да решаваат проблеми, дека по овој успешен пример ќе се продолжи и во други региони. 

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, тогаш појасни дека капацитетот на објектот е осумдесетина кучиња и има услови за згрижување по стандарди. 

- Секое куче бездомник ќе биде згрижено, чипирано, кастрирано и социјализирано, рече Јанчев. свд/са/


Фото : МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан