Фан на Реал Мадрид сакаше да го запознае Модриќ, но наместо средба со Хрватот доби ќотек (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Германија каде утре од 21 часот силите ќе си ги одмерат со Баерн Минхен во првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампионите.

При излегувањето од клупскиот автобус дојде до мал инцидент откако фан успеа за момент да му побегне на обезбедувањето и се упати кон Лука Модриќ кој во тој момент се најде пред автобусот.

Обезбедувањето брзо интервенираше и спречи поголем инцидент, а капитенот на хрватската репрезентација откако за миг застана да види што се случува продолжи по својот пат.

За жал, немилиот инцидент не помина без повреди. Навивачот заработи повреда на главата, а откако му беше укажана медицинска помош проговоре и за медиумите објаснувајќи ја својата постапка.

„Добро сум, малку ме боли главата. Само сакав да го запознаам Лука Модриќ, ова прв пат во животот да го видам во живо. Знам дека погрешив, но само сакав да го запознаам. Ова беше најдобриот момент од мојот живот“, изјави за „Марка“.

Се вчитува...