Поврзете се со нас

Англија

Тухел за неговата иднина: Не е тајна…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел треба да си замине од Баерн Минхен по крајот на оваа сезона, поточно тоа е договорот кој двете страни го постигнаа пред некое време.

Ама во меѓувреме некои работи се поправија, па остана да виси во воздух некое сценарио во кое Тухел и клубот одново би седнале на маса и тој би останал на „Алијанц Арена“ и во кампањата 2024/2025, нешто слично по примерот со Чави Ернандес и Барселона ако може да се направи некаква споредба.

Сепак таа опција е тешко остварлива и тоа го потврди самиот актуелен предводник на германскиот великан.

-Многу е, многу, многу малку веројатно тоа да биде во Баерн [следната сезона], морам да кажам, бидејќи имаме договор, во моментов нема причина да се сомневаме во овој договор. Ја зазедовме оваа позиција, иницијативата дојде од клубот, јас сум во ред со тоа. Не ми треба за дополнителен процент на конкурентност бидејќи секогаш сум подготвен за победа, секогаш размислувам како да го подобрам тимот или како да се подобрам себеси во тренерската работа. Влегуваме целосно. Дали тоа има влијание врз тоа каде сум следната сезона? Можеби не, можеби ќе бидам на одмор без разлика на се, да видиме, да видиме, -рече Тухел кој запрашан за можноста Манчестер Јунајтед и кам-бек во ПЛ, тој одговори:

-Подобро да не одговорам, но не е тајна дека ми се допадна во Челси. Ми се допадна Англија и Премиер лигата, тоа беше многу, многу посебно време и добро се сеќавам на тоа, -подвлече Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни